БИБЛИЈА (Свето Писмо) MKB 1999
|
| 1 |
| Алилуја! Ќе Го славам Господа со сето свое срце во советот на праведниците, во нивната заедница. |
| 2 |
| Големи се Господовите дела, нека размислуваат за нив сите, што ги љубат. |
| 3 |
| Сјајно и величествено е Неговото дело, и Неговата правда останува довека. |
| 4 |
| Со Своите чуда, направи спомен, Господ е благ и милостив. |
| 5 |
| Им даде храна на Своите почитувачи, довека Си спомнува за Својот Завет. |
| 6 |
| Своите силни дела ги објави на Својот народ, им ја даде во наследство земјата на многубошците. |
| 7 |
| Делата на Неговите раце се: вистината и судот, сите Негови заповеди се постојани, |
| 8 |
| утврдени се за сите времиња, довека, создадени врз вистината и правдата. |
| 9 |
| Тој му испрати спасение на Својот народ, Го постави Својот Завет засекогаш: Свето е и страшно Неговото Име! |
| 10 |
| Почеток на мудроста е стравот од Господа! Мудро прават кои Го почитуваат. Неговата Слава трае довека! |
| Зачувајте Белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonianmkb1999/psalms/111.mp3
150
111