БИБЛИЈА (Свето Писмо) MKB 1999
|
| 1 |
| Го љубам Господа, зашто го слуша гласот на мојата молитва. |
| 2 |
| Го наведна Своето уво кон мене, затоа ќе го повикувам во моите денови. |
| 3 |
| Смртни болки ме опфатија, ме стегнаа примките на Подземјето, ме снајдоа тага и беда. |
| 4 |
| Тогаш го повикав Господовото Име: „О Господи, спаси го мојот живот!” |
| 5 |
| Господ е милостив и праведен, нашиот Бог е полн со милост. |
| 6 |
| Господ ги чува простодушните; бев во неволја, Тој ме избави. |
| 7 |
| Врати се, моја душо, во своето спокојство, зашто Господ е твој добротвор. |
| 8 |
| Тој ми го избави животот од смртта, моите очи од солзи, нозете од паѓање. |
| 9 |
| Ќе одам пред Господовото лице во земјата на живите. |
| 10 |
| Јас верувам и кога велам: „Многу сум несреќен.” |
| 11 |
| Реков, во својата збунетост: „Секој човек е лажец!” |
| 12 |
| Што да Му вратам на Господа, за сè што стори за мене? |
| 13 |
| Ќе ја земам чашата на спасението и ќе Го повикам Господовото Име. |
| 14 |
| Ќе ги исполнам на Господа сите мои завети, пред сиот Негов народ. |
| 15 |
| Скапоцена е во очите на Господа смртта на Неговите свети. |
| 16 |
| Господи, Твој слуга сум, Твој слуга, син на Твојата слугинка: Ти ги разврза моите окови. |
| 17 |
| Ќе Ти принесам Тебе благодарни жртви, ќе Го повикам Господовото Име. |
| 18 |
| Ќе ги исполнам на Господа сите свои завети, пред сиот Негов народ. |
| 19 |
| Во дворовите на Господовиот Дом, среде тебе, Ерусалиме. Алилуја! |
| Зачувајте белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonianmkb1999/psalms/116.mp3
150
116