БИБЛИЈА (Свето Писмо) MKB 1999
|
| 1 |
| Помогни, Господи, зашто ги снема побожните, нема повеќе верност меѓу луѓето. |
| 2 |
| Секој го лаже својот ближен, зборуваат со лажливи усни и со дволично срце. |
| 3 |
| Ќе ги истреби Господ сите лажливи усни, и јазикот што зборува горделиви нешта, |
| 4 |
| тие, кои велат: „Јазикот е наша сила, нашите усни се наши; кој е господар над нас?” |
| 5 |
| Господ говори: „Сега ќе станам, заради страдањата на угнетуваните и заради воздишките на бедните; и ќе го поставам во безопасност за која копнее.” |
| 6 |
| Господовите слова се чисти зборови, како сребро претопено во земјана печка, пречистено седумпати. |
| 7 |
| Господи, Ти ќе ги заштитуваш, ќе чуваш секого од нив, од овој род довека. |
| 8 |
| Нечесните одат наоколу, кога расипаните се издигаат меѓу синовите човечки. |
| Зачувајте белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonianmkb1999/psalms/012.mp3
150
12