Свето Писмо (Гаврилова) 1990
|
| 1 |
| Многумина се бореа против мене уште од младоста моја – нека каже Израилот; |
| 2 |
| многупати војуваа против мене од младоста моја, но не ме совладаа. |
| 3 |
| На плешките мои грешниците дејствуваа, продолжувајќи со своето беззаконие. |
| 4 |
| Но Господ праведен ги расече јажињата на грешниците. |
| 5 |
| Нека се засрамат и нека свртат назад сите, кои го мразат Сион! |
| 6 |
| Нека бидат како тревата на покрив, која се исушува пред да биде истргната, |
| 7 |
| со која жетварот нема да ја исполни раката своја, ни прегратката своја оној што ја врзува во снопови. |
| 8 |
| А минувачите не рекоа: »Благословение Господово на вас; ве благословуваме во името на Господа!« |
| Зачувајте Белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonian1990/psalms/128.mp3
150
128