Свето Писмо (Гаврилова) 1990
|
| 1 |
| Фалете го името Господово, фалете го, слуги Господови, |
| 2 |
| вие кои стоите во домот Господов, во дворовите од домот на нашиот Бог. |
| 3 |
| Фалете Го Господа, зашто Господ е добар; пејте му на името Негово, зашто тоа е мило; |
| 4 |
| зашто Господ го избра Јакова, Израилот, за свое наследство. |
| 5 |
| Бидејќи познав, дека Господ е велик, и дека нашиот Господ е над сите богови: |
| 6 |
| си што посака Господ, создаде на небото и на земјата, во морињата и во сите бездни. |
| 7 |
| доведувајќи облаци од краиштата на земјата, молњи при дожд создаде, Он, Кој ги изведува ветровите од скровиштата нивни, |
| 8 |
| Оној, Кој ги порази првородените во Египет од човек до добиток, |
| 9 |
| покажа знаци и чудеса среде тебе, Египте, на Фараонот и врз сите слуги негови, |
| 10 |
| порази многу народи и истреби силни цареви: |
| 11 |
| Сион, царот аморејски, и Ог, царот васански, и сите цареви ханански; |
| 12 |
| и му ја даде нивната земја во наследство на Својот народ, Израилот. |
| 13 |
| Господи, името Твое е вечно; Господи, споменот за Тебе е од род во род. |
| 14 |
| Зашто Господ ќе му суди на Својот народ и ќе биде милостив над слугите Свои. |
| 15 |
| Идолите на незнабожците се сребро и злато, дело на раце човечки; |
| 16 |
| имаат уста, но не говорат; имаат очи, но не гледаат; |
| 17 |
| имаат уши, но не слушаат, ниту, пак, во устата нивна има здив. |
| 18 |
| Слични на нив нека бидат и оние, кои ги прават, и секој кој на нив се надева. |
| 19 |
| Доме Израилев, благословувај Го Господа. Доме Аронов, благословувај Го Господа! |
| 20 |
| Доме Левиев, благословувај Го Господа! И вие, кои се боите од Господа, благословувајте Го Господа! |
| 21 |
| Нека е благословен Господ од Сион, Кој живее во Ерусалим! |
|
| Зачувајте Белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonian1990/psalms/134.mp3
150
134