Свето Писмо (Гаврилова) 1990
|
| 1 |
| Крај реките вавилонски – таму седевме и плачевме, кога ќе се сетевме на Сион; |
| 2 |
| на врбите, среде Вавилон, ги закачивме нашите харфи. |
| 3 |
| Зашто таму, оние што нѐ заробија и кои нѐ одведоа, побараа од нас радосна песна, велејќи ни: »Пејте ни од песните сионски!« |
| 4 |
| Како да запееме Господова песна на туѓа земја? |
| 5 |
| Ако Те заборавам тебе, Ерусалиме, – нека ме заборави мојата десница, |
| 6 |
| нека се залепи јазикот мој за непцето мое, ако не те помнам, ако не го поставам Ерусалим над секоја моја радост. |
| 7 |
| Сети се, Господи, на синовите Едомови, во денот на Ерусалим, кога тие говореа: »Разрушете, разрушете го до темелите негови!« |
| 8 |
| Ќерко вавилонска, опустошителко, блажен е оној, што ќе ти врати за делото што ни го направи! |
| 9 |
| Блажен е оној што ќе ги заграби и ќе ги разбие од камен децата твои. |
| Зачувајте белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonian1990/psalms/136.mp3
150
136