БИБЛИЈА (Свето Писмо) MKB 1999
|
| 1 |
| Благодарете Му на Господа, зашто е благ: Вечна е Неговата милост! |
| 2 |
| Благодарете Му на Бога над боговите: Вечна е Неговата милост! |
| 3 |
| Благодарете Му на Господарот над господарите: Вечна е Неговата милост! |
| 4 |
| Единствено Тој прави големи чудеса: Вечна е Неговата милост! |
| 5 |
| Тој ги создаде премудро небесата: Вечна е Неговата милост! |
| 6 |
| Тој ја зацврсти земјата над водите: Вечна е Неговата милост! |
| 7 |
| Тој ги направи големите светила: Вечна е Неговата милост! |
| 8 |
| Сонцето да владее со денот: Вечна е Неговата милост! |
| 9 |
| Месечината и ѕвездите да владеат со ноќта: Вечна е Неговата милост! |
| 10 |
| Тој ги погуби првородените во Египет: Вечна е Неговата милост! |
| 11 |
| Го изведе Израел од среде него: Вечна е Неговата милост! |
| 12 |
| Со силна рака со испружена мишка: Вечна е Неговата милост! |
| 13 |
| Тој го раздвои Црвеното Море: Вечна е Неговата милост! |
| 14 |
| Го преведе Израел низ неговата средина: Вечна е Неговата милост! |
| 15 |
| И ги фрли: Фараонот и неговите војски во Црвеното Море: Вечна е Неговата милост! |
| 16 |
| Тој го водеше Својот народ низ пустината: Вечна е Неговата милост! |
| 17 |
| Тој ги удри големите цареви: Вечна е Неговата милост! |
| 18 |
| И погуби големи цареви: Вечна е Неговата милост! |
| 19 |
| Аморејскиот цар Сион: Вечна е Неговата милост! |
| 20 |
| Васанскиот цар Ог: Вечна е Неговата милост! |
| 21 |
| И нивната земја му ја даде во наследство! Вечна е Неговата милост! |
| 22 |
| Во наследство на Израел, на Својот слуга: Вечна е Неговата милост! |
| 23 |
| Тој си спомна за нас, во нашето понижување: Вечна е Неговата милост! |
| 24 |
| Нè ослободи од нашите непријатели: Вечна е Неговата милост! |
| 25 |
| Тој му дава храна на секое тело: Вечна е Неговата милост! |
| 26 |
| Славете Го небесниот Бог, зашто Неговата милост е довека! |
| Зачувајте белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonianmkb1999/psalms/136.mp3
150
136