×

Свето Писмо (Гаврилова) 1990

Псалми 137

1
Ќе Те славам Тебе, Господи, со сето срце свои и ќе Ти пеам пред ангелите Твои, затоа што ги услиша сите зборови на устата моја.
2
Се поклонувам пред светиот Твој храм и го славам името Твое за милоста Твоја и за вистината Твоја, зашто го возвеличи името Свое свето над сѐ.
3
Во оној ден кога ќе Те призивам, услиши ме брзо, внеси бодрост во душата моја.
4
Ќе Те прославуваат, Господи, сите земни цареви, штом ќе ги чујат зборовите од Твојата уста,
5
и ќе воспеваат за патиштата Господови, зашто е голема славата Господова.
6
Зашто возвишен е Господ: и смирениот го гледа, а горделивиот оддалеку го познава.
7
Кога ќе се најдам во тага – Ти живот ми даваш, ја пружаш раката врз јароста на моите непријатели и Твојата десница ме спасува.
8
Господ ќе направи што е добро за мене! Твојата милост, Господи, е вечна; делата на рацете Свои не презирај ги!
Macedonian Bible 1990
Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016 Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016
:
Зачувајте белешки