БИБЛИЈА (Свето Писмо) MKB 1999
|
| 1 |
| На бреговите на вавилонските реки седевме и плачевме, спомнувајќи си за Сион; |
| 2 |
| на врбите наоколу ги обесивме нашите псалтири. |
| 3 |
| И тогаш нашите поробувачи побараа од нас да пееме, нашите поробувачи побараа да се веселиме: „Испејте ни една од сионските песни!” |
| 4 |
| Како да ја пееме Господовата песна во туѓа земја! |
| 5 |
| Нека ми се осуши мојата десница, Ерусалиме, ако те заборавам тебе! |
| 6 |
| Нека ми се залепи јазикот за непцето, ако твојот спомен го превидам кога и да е, ако не го возвишам Ерусалим над секоја моја радост! |
| 7 |
| Не заборави им, Господи, на Едомовите синови, како во Ерусалимов ден, тие викаа: „Рушете! Разурнете го до темели!” |
| 8 |
| Вавилонска ќерко, што ќе бидеш запустена, блажен е оној, кој ќе ти врати: За сè што ни си сторила. |
| 9 |
| Блажен е оној, кој ќе ги грабне и ќе ги разбие на камен твоите младенци! |
| Зачувајте белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonianmkb1999/psalms/137.mp3
150
137