×

Свето Писмо (Гаврилова) 1990

Псалми 141

1
Со гласот свој повикав кон Господа, со гласот свој Му се помолив на Господа.
2
Ќе го излијам пред Него молењето мое: маката моја пред Него ќе ја кажам.
3
Кога изнемоштувашедухот мој, Ти ја знаеше мојата патека, на патот, по кој одев, тие скришно примки ми поставија.
4
Се обѕирав надесно и гледав, а таму никој кој ме познаваше: немаше каде да избегам; никој не се грижеше за душата моја.
5
Повикав кон тебе, Господи, и реков: »Ти си мојата надеж и мој дел во земјата на живите.
6
Прими ја молитвата моја, зашто се понизив многу; избави ме од моите гонители, оти тие се посилни од мене.
7
Изведи ја од темнина душата моја, за да го прославувам името Твое. Мене ќе ме чекаат праведните, додека не ме повратиш.«
Macedonian Bible 1990
Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016 Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016
:
Зачувајте белешки