×

БИБЛИЈА (Свето Писмо) MKB 1999

Псалми 141

1
Господи, Те повикувам, побрзај кон мене! Послушај го мојот глас, со кого викам кон Тебе!
2
Нека се издигне мојата молитва како темјан пред Твоето лице, издигањето на моите раце нека биде као вечерна жртва!
3
Господи, постави стража на мојата уста, и стражари на вратата на моите усни!
4
Не оставај: моето срце да се приклони кон било каква злоба па да извршам нечесни дела; Да не се дружам со луѓе кои прават беззаконие, ниту да јадам од нивните вкусни јадења!
5
Нека ме удри само праведниот - љубов е што ме укорува, тоа е масло на мојата глава; На нивната злоба јас ќе се спротивам секогаш со мојата молитва.
6
Кога нивните судии ќе бидат фрлени низ карпите, ќе разберат колку слатки беа моите зборови.
7
Како кога орачот ја оре и ја цепи земјата, така ќе им бидат расфрлени коските на работ на Подземјето.
8
Господи, кон Тебе се свртени моите очи, на Тебе се надевам, не оставај да ми пропадне душата!
9
Чувај ме од стапицата што ми ја поставија, од примките на злосторниците!
10
Нека паднат нечесните во сопствените клопки, а јас да им избегам!
Macedonian Bible (MKB) 1999
Библија (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет, превод Душан Х. Константинов 1999, 2004 by Loukas Foundation, The Netherlands
:
Зачувајте Белешки