Свето Писмо (Гаврилова) 1990
|
| 1 |
| Господи, услиши ја молитвата моја, чуј го молењето мое поради Твојата вистина; услиши ме поради Твојата правда |
| 2 |
| и не стапувај во суд со Твојот слуга, зашто пред Тебе нема да се оправда ниту еден од живите. |
| 3 |
| Непријателот ја прогонува душата моја, го понизил животот мој дури до земјата, ме остави во темнина како оние кои се одамна умрени; |
| 4 |
| опадна духот мој во мене, се вознемири во мене срцето мое. |
| 5 |
| Се сетив на дамнешните дни и размислував за сите Твои дела, расудував заделата на Твоите раце. |
| 6 |
| Ги протегнав кон Тебе рацете мои, душата моја е жедна за Тебе како сува земја. |
| 7 |
| Улиши ме, поскоро, Господи: духот мој малакса; не одвраќај го лицето Свое од мене, за да не заприлегам на оние, што слегуваат во гроб. |
| 8 |
| Соопшти ми ја утрената милост Твоја, зашто на Тебе се надевам, Господи. Покажи ми го, Господи, патот по кој да одам, зашто кон Тебе ја вознесувам душата своја. |
| 9 |
| Избави ме, Господи, од моите непријатели, зашто при Тебе прибегнав. |
| 10 |
| Научи ме да ја исполнувам волјата Твоја, зашто Ти си мојот Бог. Твојот благ дух нека ме води по прав пат. |
| 11 |
| Заради Твоето име, Господи, ќе ме оживиш; поради Твојата правда – ќе ја избавиш од неволја душата моја. |
| 12 |
| Според милоста Твоја истреби ги непријателите мои и погуби ги сите, кои ја измачуваат душата моја, зашто јас сум слуга Твој. |
| Зачувајте белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonian1990/psalms/142.mp3
150
142