×

Свето Писмо (Гаврилова) 1990

Псалми 146

1
Хвалете Го Господа, зашто е добро да Му се пее на нашиот Бог, зашто на Добриот Му прилега похвала.
2
Господ го гради Ерусалим и ќе ги собере расеаните синови на Израилот.
3
Он ги изцелува скрушените по срце и ги преврзува раните нивни.
4
Го определува бројот на ѕвездите и не сите им дава име.
5
Велик е Господ наш и голема е силата Негова, а мудроста Негова – неизмерлива е.
6
Господ ги прифаќа смирените, а грешниците ги понижува до земја.
7
Пејте Му секогаш славословија на Господа: на гусле пејте Му на Нашиот Бог,
8
Кој го покрива небото со облаци, подготвува дожд за земјата, прави да расте трева по горите и растенијата за полза на човекот,
9
на добитокот му ја дава храната негова и на малите врани кога гракаат.
10
На коњската сила не гледа Он, ниту Му е мила брзината на човечките нозе.
11
Господ ги почитува оние, кои се бојат од Него и кои се надеваат на Неговата милост.
Macedonian Bible 1990
Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016 Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016
:
Зачувајте Белешки