×

Свето Писмо (Гаврилова) 1990

Псалми 147

1
Пофали Го, Ерусалиме, Господа; пофали Го, Сионе, твојот Бог.
2
Он ги зацврсти резињата на вратите твои, ги благословува твоите синови во Тебе;
3
го утврдува мирот во Твоите предели, со јадра пченица те заситува;
4
го испраќа на земјата Својот благослов; Неговиот збор брзо оди;
5
дава снег како волна; сипува магла како пепел;
6
фрла град Свој како залаци; пред Неговиот мраз кој може да устои?
7
Ќе го испрати благословот, и сѐ се растопува; ќе дувне со ветрот Свој, и води потекуваат.
8
Он му го кажа благословот Свој на Јакова, Своите наредби и Своите судови на – Израилот.
9
на никот друг народ Он не му го направил тоа, и Своите судови ним не им ги јавил.
Macedonian Bible 1990
Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016 Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016
:
Зачувајте белешки