БИБЛИЈА (Свето Писмо) MKB 1999
|
| 1 |
| Послушај ја, Господи, правдата, чуј го мојот глас, услиши ја мојата молитва од искрени усни! |
| 2 |
| Од Тебе нека ми дојде пресудата, Твоите очи гледаат што е справедливо. |
| 3 |
| Испитај го моето срце, посети ме ноќе, искушај ме, но нема да најдеш ништо; мојата уста не згреши. |
| 4 |
| Како што грешат луѓето: според зборовите на Твојата уста, се сочував од патиштата на насилниците. |
| 5 |
| Моите стапки ги држаа Твоите патишта, не се лизнаа моите нозе. |
| 6 |
| Кон Тебе викам, Боже, зашто Ти ќе ме послушаш! Наведни го Твоето уво кон мене и чуј ги моите зборови. |
| 7 |
| Прослави ја врз мене Твојата милост, о Спасителу, Ти Кој ги спасуваш, оние што се надеваат на Твојата десница, од оние што се креваат против нив. |
| 8 |
| Пази ме како зеница на окото, засолни ме во сенката на Своите крила, |
| 9 |
| од злотворите што се нафрлаат врз мене. Од непријателите на мојата душа, што ме опкружуваат. |
| 10 |
| Го затворија своето срце и со устата зборуваат гордо. |
| 11 |
| Нивните чекори сега ме опкружуваат; сакаат да ме кутнат на земја. |
| 12 |
| Тие се како лав што сака да раскине и како лавче што дебне потајно. |
| 13 |
| Стани, Господи, пресретни го и кутни го, со Својот меч спаси го мојот живот од нечесниот, |
| 14 |
| а со Својата рака, Господи, од луѓето, од луѓето на овој свет, чиј дел е овој живот; чиј желудник го полниш со Своите богатства, така што и нивните синови ќе бидат сити, а остатокот ќе им остане на нивните внуци. |
| 15 |
| А јас ќе го гледам Твоето лице во правда, и еднаш кога ќе се разбудам, ќе се наситам од Твојот изглед. |
|
| Зачувајте Белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonianmkb1999/psalms/017.mp3
150
17