×

Свето Писмо (Гаврилова) 1990

Псалми 19

1
Нека те услиши Господ во тежок ден, да те заштити името на Бога Јаковов.
2
Да ти испрати помош од Светилиштето и од Сион да те поткрепи.
3
Нека си спомни за секоја твоја жртва; и сепалениците твои да бидат примени.
4
Да ти го даде Господ и она што ти срце сака; и сите твои помисли да ги исполни.
5
Ќе се зарадуваме на твоето спасение и во името на нашиот Бог ќе се издигнеме. Да ги исполни Господ сите твои молби.
6
Сега знам дека Господ го спасува Својот помазаник, го слуша од светите Свои небеса; спасението е во силата на Неговата десница.
7
Едни – со коли, други – со коњи, а ние со името на Господа, нашиот Бог, се фалиме:
8
тие се препнаа и паднаа, а ние се кренавме и стоиме прави.
9
Господи, спаси го царот и услиши нѐ кога Ти се молиме!
Macedonian Bible 1990
Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016 Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016
:
Зачувајте белешки