БИБЛИЈА (Свето Писмо) MKB 1999
|
| 1 |
| Небесата ја раскажуваат Божјата слава, небесниот свод го навестува делото на Неговите раце. |
| 2 |
| Денот на ден му го објавува тоа, а ноќта на ноќ и соопштува. |
| 3 |
| Нема говор ни јазик, каде не ќе се чуе нивниот глас. |
| 4 |
| Нивната вест се рашири по целата земја, а нивните зборови до крајот на вселената. Таму, за сонцето Тој оптегнува шатор, |
| 5 |
| кое излегува како младоженец од својата ложница, се радува како јунак кога ја претрчува патеката. |
| 6 |
| Излегува од небесниот крај и обиколува до крајот; и ништо не се крие од неговата топлина. |
| 7 |
| Господовиот Закон е совршен - ја крепи душата; Господовото сведоштво е верно - му дава мудрост на неукиот; |
| 8 |
| Господовите повелби се праведни - го веселат срцето; Господовата заповед е светла - ги просветлува очите; |
| 9 |
| Стравот од Господа е чист - останува довека; Господовите судови се вистински - сите се еднакво праведни; |
| 10 |
| Поскапоцени се од златото, од чистото злато; Послатки се од медот, послатки од капките на медовата пита. |
| 11 |
| Твојот слуга е предупреден од нив, кој ги чува има голема награда. |
| 12 |
| Но, кој ги сознава своите погрешки? Очисти ме од тајните прегрешувања! |
| 13 |
| Запази го Својот слуга од гордоста, да не завладее со мене. Тогаш ќе бидам непорочен, чист од голем грев. |
| 14 |
| Зборовите на мојата уста и размислувањата на моето срце, нека бидат угодни пред Тебе, Господи, Тврдино моја и Избавителу мој. |
| Зачувајте белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonianmkb1999/psalms/019.mp3
150
19