Свето Писмо (Гаврилова) 1990
|
| 1 |
| Господ е Пастир мој, ништо нема да ми недостасува, |
| 2 |
| Он ме пасе на плодни пасишта и ме води на тихи води, |
| 3 |
| ја поткрепува душата моја, ме води по патот на правдата заради името Свое. |
| 4 |
| Кога би тргнал и по долината на смртна сенка, нема да се исплашам од злото, зашто Ти си со мене; Твојот жезал и Твојата палка ме успокојуваат. |
| 5 |
| Си приготвил пред мене трпеза на очиглед на непријателите мои, си ја помазал главата моја со елеј; и чашата твоја ме напојува со блаженство. |
| 6 |
| И милоста Твоја така да ме придружува преку сите денови на мојот живот, и јас ќе престојувам во домот Господов многу дни. |
| Зачувајте Белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonian1990/psalms/022.mp3
150
22