×

Свето Писмо (Гаврилова) 1990

Псалми 27

1
Кон Тебе, Господи, викам: не биди безгласен кон мене, та да не заприлегам при Твоето молчење на оној што слегува во гроб.
2
Чуј го гласот на молитвите мои, кога Ти се молам, кога кревам раце кон Твојот свет храм.
3
Не вбројувај ме меѓу нечестивци и злосторници, кои со ближните свои говорат за мир, а во срцето имаат зло.
4
Подај им, Господи, според нивните дела, според нивните лоши постапки; според делата на нивните раце, подај им го она што го заслужиле.
5
Зашто не ги разбраа делата на Господа, ниту делата на рацете Негови; Он ќе ги сосипе и нема да ги подигне.
6
Благословен Господ, зашто Он го чу гласот на молитвите мои.
7
Господ е крепост моја и штит мој; на Него се надеваше срцето мое и Он ми помогна; затоа се зарадува срцето мое и Јас ќе го прославувам со сето мое срце.
8
Господ е крепост на Својот народ и заштитник за спасението на Својот помазаник.
9
Спаси го народот Свој и благослови го наследството Твое; паси ги и издигај ги довека!
Macedonian Bible 1990
Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016 Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016
:
Зачувајте белешки