БИБЛИЈА (Свето Писмо) MKB 1999
|
| 1 |
| Господ ми е светлина и спасение, од кого да се плашам? Господ е штит на мојот живот, пред кого да треперам? |
| 2 |
| Кога ќе се доближат до мене злосторниците, моите противници и непријатели, за да ми ја изедат снагата, тие се сопнуваат и паѓаат. |
| 3 |
| Ако војска се крене против мене, моето срце не се бои; ако избувне и војна против мене, и тогаш сум полн со надеж. |
| 4 |
| За едно Му се молам на Господа, само тоа го барам: Да живеам во Господовиот дом, во текот на сите дни на мојот живот; да уживам во Господовата убавина, и да истражувам во Неговиот Храм. |
| 5 |
| Тој ме засолнува во Својот шатор, во зол ден; ме крие во скрилница на Својот шатор, Тој ме издига на карпа. |
| 6 |
| И сега ја кревам главата над непријателите што ме опкружуваат. Ќе принесувам радосни жртви во Неговиот шатор, ќе пеам и ќе се радувам во Господа. |
| 7 |
| О, Господи, слушај го мојот глас кога викам, биди ми милостив и услиши ме! |
| 8 |
| Моето срце зборува: „Барај го Моето лице!” Да, го барам Твоето лице, Господи. |
| 9 |
| Не го криј Твоето лице од мене! Не отфрлај го во гнев Твојот слуга! Ти, помош моја, не ме отфрлај! И не оставај ме, Боже, Спасителу мој! |
| 10 |
| Ако татко ми и мајка ми ме остават, Господ ќе ме прими. |
| 11 |
| Научи ме, Господи, на Својот пат, поведи ме по рамна патека, заради моите противници. |
| 12 |
| Не ме предавај на бесот на моите непријатели, зашто лажни сведоци станаа против мене, кои дишат со насилство. |
| 13 |
| Верувам дека ќе ги уживам Господовите добрини во земјата на живите. |
| 14 |
| Надевај се на Господа, охрабри се! Нека биде цврсто твоето срце! Да, чекај Го Господа! |
| Зачувајте белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonianmkb1999/psalms/027.mp3
150
27