|
| 1 |
|
| Ќе го благословувам Господа во секое време; похвала за Него секогаш има во мојата уста. |
|
| 2 |
|
| Со Господа ќе се фали душата моја! Нека го чујат тоа кротките и нека се зарадуваат. |
|
| 3 |
|
| Возвеличете Го Господа со мене, и заедно да го превознесуваме името Негово. |
|
| 4 |
|
| Го побарав Господа, и Он ме чу и од сите опасности мои ме избави. |
|
| 5 |
|
| Пристапете Му и ќе се просветите, и лицата ваши нема да се посрамат. |
|
| 6 |
|
| Кога несреќниот вика, – Господ го услишува и го спасува од сите негови беди. |
|
| 7 |
|
| Ангел Господов застанува околу оние, кои се бојат од Него, и ги спасува. |
|
| 8 |
|
| Вкусете и ќе видите, колку е благ Господ! Блажен е оној човек, кој на Него се надева! |
|
| 9 |
|
| Бојте се од Господа, сите праведници Негови, зашто ништо нема да им недостига на оние кои се плашат од Него. |
|
| 10 |
|
| Осиромашеа и огладнеа богатите, а оние што Го побараа Господа, не ќе бидат лишени од секакви добра. |
|
| 11 |
|
| Дојдете, чеда, послушајте ме: јас ќе ве научам да се боите од Господа. |
|
| 12 |
|
| Сака ли човек да живее и да види добри денови, |
|
| 13 |
|
| нека си го воздржува јазикот од зло и устата своја од лаги, |
|
| 14 |
|
| нека се клони од зло и нека прави добро; да бара мир и да врви по него. |
|
| 15 |
|
| Очите на Господа се обрнати кон праведниците, и ушите Негови – кон молитвите нивни. |
|
| 16 |
|
| Но лицето на Господа и против оние што вршат зло; ќе го истреби од земјата споменот за нив. |
|
| 17 |
|
| Повикаа праведниците, и Господ ги услиши и ги спаси од сите маки нивни. |
|
| 18 |
|
| Блиску е Господ до оние со скрушено срце, и смирените по дух ќе ги спаси. |
|
| 19 |
|
| Бројни се маките на праведниците, но од сите нив Господ ќе ги избави. |
|
| 20 |
|
| Господ ги чува сите коски нивни; ниедна од нив нема да се строши. |
|
| 21 |
|
| Зла смрт го снаоѓа грешникот, а оние, што го мразат праведниот, ќе загинат. |
|
| 22 |
|
| Господ ќе ги спаси душите на слугите Свои, и никој од оние, кои се надеваат на Него, нема да погрешат. |
|
|
|
|