|
| 1 |
|
| Радувајте се праведници во Господа! на праведните им личи да Го прославуваат. |
|
| 2 |
|
| Славете Го Господа со харфа, величајте Го на псалтир со десет жици! |
|
| 3 |
|
| Запејте Му нова песна, со гласни извици придружувајте ги складните свирки. |
|
| 4 |
|
| Зашто Господовото Слово е право, и сите Негови дела се вистина. |
|
| 5 |
|
| Тој ги љуби правдата и правосудството, полна е земјата со Господовата милост. |
|
| 6 |
|
| Господовото Слово ги создаде небесата, и здивот на Неговата уста: целото нивно воинство. |
|
| 7 |
|
| Тој ја собира морската вода како во мев, и ги става бездните во сокровиште. |
|
| 8 |
|
| Нека се бои целата земја пред Господа, нека се бојат од Него сите жители на вселената! |
|
| 9 |
|
| Зашто Тој рече - и сè стана, нареди - и сè се утврди. |
|
| 10 |
|
| Господ ги осуетува намерите на народите, ги прави некорисни мислите на племињата, |
|
| 11 |
|
| Господовиот наум останува довека, и мислите на Неговото срце од род до род. |
|
| 12 |
|
| Блазе му на оној народ кому Господ е Бог, на народот што го избра за Свое наследство. |
|
| 13 |
|
| Господ набљудува од небесата и ги гледа сите човечки синови. |
|
| 14 |
|
| Од местото на Своето Живеалиште ги гледа сите жители на земјата; |
|
| 15 |
|
| Тој им ги создаде срцата на сите и внимава на сите нивни дела. |
|
| 16 |
|
| Многубројна војска не го спасува царот, голема сила не го спасува јунакот. |
|
| 17 |
|
| Празна е надежта за спасение на коњ, неговата јачина не избавува. |
|
| 18 |
|
| Ете, Господовото око е над оние кои се бојат од Него, над оние, кои се надеваат на Неговата милост: |
|
| 19 |
|
| дека ќе ја спаси нивната душа од смрт, и дека ќе ги храни во денови на глад. |
|
| 20 |
|
| Нашата душа се надева на Господа, Тој ни е помош и наш штит. |
|
| 21 |
|
| Наштето срце се радува во Него, ние се надеваме на Неговото свето име. |
|
| 22 |
|
| Нека Твојата милост, о Господи, биде над нас, според тоа како се надеваме на Тебе. |
|
|
|
|