|
| 1 |
|
| Господи, не ме изобличувај во Твојата јарост и не ме казнувај во Твојот гнев. |
|
| 2 |
|
| Твоите стрели се закачија во мене, Твојата рака ме притисна тешко. |
|
| 3 |
|
| На моето тело нема ништо здраво заради Твојот гнев, од моите гревови нема мир за моите коски. |
|
| 4 |
|
| Зашто беззаконијата на мојата глава ме надвишија, ме притиснуваат како претешко бреме. |
|
| 5 |
|
| Моите рани смрдат и гнојат заради мојата безумност. |
|
| 6 |
|
| Се згрбавив и се собрав, постојано скитам натажен. |
|
| 7 |
|
| Зашто мојата внатрешност гори, и нема здравје во телото мое. |
|
| 8 |
|
| Исцрпен сум и сосем сотрен, офкам од плачот на моето срце. |
|
| 9 |
|
| О, Господи, сите мои желби се пред Тебе, и моите повици не Ти се скриени. |
|
| 10 |
|
| Моето срце удира силно, силата ме остава, и гасне светлината на очниот вид. |
|
| 11 |
|
| Пријателите и другарите се отстранија од моите рани, и моите најблиски стојат далеку. |
|
| 12 |
|
| Ми поставуваат стапици, оние кои ми го дебнат животот, кои ми сакаат несреќа, ми се закануваат со пропаст и секогаш смислуваат измама. |
|
| 13 |
|
| А јас сум како глув и ништо не слушам и како нем, уста не отворам. |
|
| 14 |
|
| Станав како човек што не слуша и кој нема одговор во устата. |
|
| 15 |
|
| Зашто, о, Господи, на Тебе се надевам, Ти ќе ме услишиш, Господи, Боже мој! |
|
| 16 |
|
| Зашто реков: „Нека не се радуваат над мене; кога ногата ќе ми се сопне, нека не се креваат над мене!” |
|
| 17 |
|
| Зашто не пропаднав за малку, и мојата болка секогаш е пред мене. |
|
| 18 |
|
| Јас ги признавам своите беззаконија, и полн сум со жалост заради својот грев. |
|
| 19 |
|
| А кои се против мене, без причина силни се, и мнозина се што ме мразат неправедно. |
|
| 20 |
|
| За добро ми враќаат со зло, ми се противат дека го барам доброто. |
|
| 21 |
|
| О Господи, не ме оставај! Боже мој, не оддалечувај се од мене! |
|
| 22 |
|
| Побрзај ми на помош, Господи, Спасителу мој! |
|
|
|
|