БИБЛИЈА (Свето Писмо) MKB 1999
|
| 1 |
| Одлучив: „Ќе го чувам мојот пат, за да не згрешам со јазикот; ќе ја зауздам мојата уста, додека е нечестивиот пред мене!” |
| 2 |
| Онемев, замолкнав, не пуштав глас дури и од доброто - болката ми стана погорчлива. |
| 3 |
| Срцето пламна во мене, при сама помисла избувнуваше оган; тогаш проговорив со мојот јазик! |
| 4 |
| Кажи ми го, Господи, мојот крај, и колкав е бројот на моите денови, за да знам колку сум ништожен. |
| 5 |
| Ете, со педа ми ги измери деновите, и векот мој е како ништо пред Тебе; вистина, секој човек што стои цврсто е суета. |
| 6 |
| Човекот поминува како сенка, суета е сето негово богатство, збира, а не знае кој ќе го земе! |
| 7 |
| А сега, на што да се надевам, Господи? Мојата надеж е во Тебе! |
| 8 |
| Избави ме од сите мои беззаконија, не оставај да му бидам за потсмев на безумниот! |
| 9 |
| Молчам и не ја отворам устата, зашто Ти направи така! |
| 10 |
| Отстрани го од мене Твојот бич, зашто издивнувам под тежината на Твојата рака. |
| 11 |
| Ти го поправаш човекот со казна, и сè што му е најмило го расипуваш како молец; навистина, секој човек е суетен. |
| 12 |
| Послушај ја, о Господи, мојата молитва, послушај ги моите повици, не премолчувај на моите солзи! Зашто сум придојденец кај Тебе, како сите мои татковци. |
| 13 |
| Сврти го погледот од мене, да здивнам, пред да заминам и да ме нема. |
| Зачувајте белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonianmkb1999/psalms/039.mp3
150
39