Свето Писмо (Гаврилова) 1990
|
| 1 |
| Блажен е оној, што ги прегледува бедните и сиромасите! Во злочест ден Господ ќе го избави. |
| 2 |
| Господ нека го запази и нека го заштити и ублажи животот негов на земјата; и да не го предаде во рацете на непријателот негов. |
| 3 |
| Господ нека му помогне кога лежи болен в постела. Ти ја изменуваш целата постела негова при болеста негова. |
| 4 |
| Реков: »Господи, смилуј се на мене, излекувај ја душата моја, зашто згрешив пред Тебе.« |
| 5 |
| Непријателите мои зборуваат лошо за мене: »Кога ќе умре, и кога ќе загине името негово?« |
| 6 |
| И ако некој дојде да ме види, говори лага; неговото срце собира неправда во себе, и тој, штом ќе излезе надвор, расправа. |
| 7 |
| Сите мои непријатели шепотат меѓу себе против мене, помислувајќи ми зло: |
| 8 |
| »За законопрестапен збор ме набедија; кој еднаш легне веќе нема да стане.« |
| 9 |
| Дури и човекот, кој беше во мир со мене и на кого се надевав, кој јадеше мој леб, ја крена ногата против мене. |
| 10 |
| А Ти, Господи, помилуј ме, исправи ме, та да им возвратам. |
| 11 |
| По тоа ќе дознаам, дека сум ти мил, кога непријателот мој нема да се погордее над мене; |
| 12 |
| а мене, пак, ме прифати цел поради мојата незлобивост и ме зацврсти пред Себе вечно. |
| 13 |
| Нека е благословен Господ, Бог Израилев, од века до век! Амин, амин! |
| Зачувајте белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonian1990/psalms/040.mp3
150
40