Свето Писмо (Гаврилова) 1990
|
| 1 |
| Како што кошутата жеднее по водни извори, така и душата моја, Боже, копнее по Тебе! |
| 2 |
| Душата моја жедува за силниот и живиот Бог: кога ќе дојдам и ќе се јавам пред лицето Божјо? |
| 3 |
| Солзите мои беа леб за мене и дење и ноќе, кога секој ден ми зборуваа: каде е твојот Бог? |
| 4 |
| Се сетив на тоа и ја излив душата своја, зашто ќе поминам низ места каде што е чудесната скинија – до Божјиот дом – при гласно воскликнување и прославување, како на голем празник. |
| 5 |
| Зошто тагуваш, душо моја, и зошто толку ме вознемируваш? Надевај се на Бога, бидејќи јас не Него се надевам, мојот Бог е мое спасение. |
| 6 |
| Се возбуди душата моја во мене, поради тоа ќе си спомнувам на Тебе до земјата Јорданска, од Ермон и од гората мала. |
| 7 |
| Бездна повикува бездна со гласот на Твоите водопади; сите Твои води и Твои бранови навалија на мене. |
| 8 |
| Дење Господ ќе ја покажува милоста Своја, а јас ноќе ќе Му пеам и ќе Му се молам на Бога на мојот живот. |
| 9 |
| Ќе му речам на Бога: Ти си мој застапник. Зошто ме заборави? Зошто одам нажален додека непријателот ме притискува? |
| 10 |
| Трошејќи ги коските мои, непријателите мои се подигруваат со мене, велејќи ми секој ден: каде е твојот Бог? |
| 11 |
| Зошто тагуваш, душо моја, и зошто ме вознемируваш? Надевај се на Бога, бидејќи Него јас пак ќе Го прославувам, мојот Бог е моето спасение. |
| Зачувајте белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonian1990/psalms/041.mp3
150
41