|
| 1 |
|
| Од срцето мое се излива благ збор; му зборувам на Царот за делата мои; јазикот ми е како трска на брзописец. |
|
| 2 |
|
| Ти си најпрекрасниот меѓу синовите човечки, благодат се излива од Твојата уста; затоа Бог Те благословил довека. |
|
| 3 |
|
| Препаши го на бедрото мечот Свој, о силнику: во Својата красота и убавина! |
|
| 4 |
|
| И така украсен, поитај и царствувај заради вистината, кротоста и правдата, и Твојата десница ќе покаже чудесни дела. |
|
| 5 |
|
| Изострени се Твоите стрели, о јунаку, народите ќе паднат пред Тебе, – тие ќе се забодат во срцата на царските непријатели. |
|
| 6 |
|
| Твојот престол, Боже, е вечен: жезлото на правдата е жезло на Твоето царство. |
|
| 7 |
|
| Ти ја засака правдата и го намрази беззаконието; затоа, Боже, Твојот Бог, Те помаза со елеј на радоста повеќе од Твоите соучесници. |
|
| 8 |
|
| Сите Твои облеки мирисаат на смирна, алој и касија; кога излегуваш од дворците од тешка слонова коска, во што наоѓаш радост. |
|
| 9 |
|
| Царски ќерки се во Твојата почесна придружба; царицата стои покрај Тебе оддесно во облека украсена и со злато проткаена. |
|
| 10 |
|
| Чуј, ќерко, види, приклони го увото свое и заборави го твојот народ и домот на таткото твој. |
|
| 11 |
|
| Зашто Царот ја посака твојата убавина, оти Он е твој Господар и приклони Му се тогаш ти. |
|
| 12 |
|
| И ќерката тирска ќе Му се поклони со подароци и најбогатите меѓу народот ќе те замолат. |
|
| 13 |
|
| Сета слава на царската ќерка е внатре: нејзината облека е везена со злато; |
|
| 14 |
|
| во везена облека ќе ја доведуваат кај Царот; по неа водат при Тебе девици, нејзини другарки, и ги приведуваат кон Тебе, |
|
| 15 |
|
| ги доведуваат со веселба и радост, влегуваат во Царевиот дворец. |
|
| 16 |
|
| Место твоите татковци, овде ќе бидат твоите синови; Ти ќе ги поставиш за кнезови по целата земја. |
|
| 17 |
|
| Ќе го спомнуваат името Твое од род во род; затоа народите ќе Те слават од век до век. |
|
|
|
|