|
| 1 |
|
| Прекрасни зборови извираат од моето срце: својата песна му ја пејам на царот, јазикот ми е како трска на брзописецот. |
|
| 2 |
|
| Убав си, најкрасен меѓу човечките синови, милина ти се разлева по усните, заради тоа Бог нека те благослови довека. |
|
| 3 |
|
| Препаши меч на своето бедро, јунаку, наметни се со сјај и величество! |
|
| 4 |
|
| Јавни победнички во своето величие, заради вистината, кротоста и правдата, Твојата десница нека научува страшни нешта! |
|
| 5 |
|
| Остри се Твоите стрели, народи паѓаат пред Тебе, и царските непријатели ги напушта храброста. |
|
| 6 |
|
| Твојот престол, Боже, е до вечни векови, и праведен жезал - е жезал на Твоето Царство! |
|
| 7 |
|
| Ти ја љубиш правдата, а го мразиш беззаконието, заради тоа, Господ, Твојот Бог, Тебе Те помаза со масло на радоста, како никого од Твоите другари. |
|
| 8 |
|
| На смирна, алој и касија мирисаат твоите облеки, од дворците, од слонова коска, Те веселат псалтири. |
|
| 9 |
|
| Царските ќерки се меѓу твоите почесни, оддесно ти е царицата во офирско злато. |
|
| 10 |
|
| „Слушај ќерко, погледај, прислушни: заборави го својот народ и домот на татка си! |
|
| 11 |
|
| Ако ја посака царот твојата убавина, поклони му се скромно, зашто тој е твој господар. |
|
| 12 |
|
| Тирската ќерка доаѓа со дар, народните првенци ја бараат твојата наклонетост.” |
|
| 13 |
|
| Целата слава на царската ќерка е внатре, нејзините облеки се везени со злато. |
|
| 14 |
|
| Ја доведуваат при царот во облека со шарен вез, придружба и се девици - нејзините другарки. |
|
| 15 |
|
| Со веселба и радост ги доведуваат, влегуваат во царскиот дворец. |
|
| 16 |
|
| Твоите синови ќе ги наследат твоите татковци, ќе ги поставиш за кнезови на целата земја. |
|
| 17 |
|
| Од колено на колено ќе го навестуваат Твоето име, народите ќе Те фалат во вечни векови. |
|
|
|
|