×

Свето Писмо (Гаврилова) 1990

Псалми 46

1
Заплескајте со рацете, сите народи воскликнете кон Бога со радосен глас;
2
зашто Севишниот Господ е страшен, Голем Цар е над целата земја.
3
Он ни покори под нозете луѓе и народи;
4
за Свое наследство ни ја избра красотата на Јакова, кого го возљуби.
5
Се издигна Бог при восклици, Господ се возвисува при трубен звук.
6
Пјете му на нашиот Бог, пејте; пејте му на нашиот Цар, пејте,
7
зашто Бог е Цар над целата земја; пејте Му мудро!
8
Бог се зацари над народите, Бог седи на светиот Свој престол;
9
незнабожечките кнезови се состанаа со Авраамовиот Бог, зашто земните силници кои Му припаѓаат на Бога, силни се подигнаа.
Macedonian Bible 1990
Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016 Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016
:
Зачувајте Белешки