БИБЛИЈА (Свето Писмо) MKB 1999
|
| 1 |
| Ракоплескајте сите народи, воскликнувајте Му на Бога со радосен глас. |
| 2 |
| Зашто тоа е Господ - Сèвишен, страшен, Велик Цар на целата земја. |
| 3 |
| Народите ни ги покори, ги стави народите под наши нозе, |
| 4 |
| ни го избра наследството - славата на Јакова, кого го возљуби. |
| 5 |
| Бог влегува, со воскликнување, Господ - со трубни звуци. |
| 6 |
| Пејте Му на Бога, пејте Му, пејте Му на нашиот Цар, пејте Му! |
| 7 |
| Зашто Тој е Цар на целата земја, пејте Му на Бога песни фалбени! |
| 8 |
| Бог царува над народите, Бог седи на Својот свет престол. |
| 9 |
| Народните првенци се прибраа како народот на Авраамовиот Бог. Божји се сите властодржци на земјата, Тој е возвишен над сите нив. |
| Зачувајте белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonianmkb1999/psalms/047.mp3
150
47