×

Свето Писмо (Гаврилова) 1990

Псалми 5

1
Чуј ги, Господи, зборовите мои, разбери ги поплаките мои.
2
Чуј го гласот на моето молење, Цару мој и Боже Мој!
3
Наутро чуј го гласот мој, наутро застанувам пред Тебе и во Тебе гледам.
4
Оти Ти си Бог, Кој не сака беззаконија; за лошиот нема место при Тебе:
5
безбожниците нема да излезат пред очите Твои; Ти ги мразиш сите што вршат неправда.
6
Ти ќе ги уништиш сите лажливци; од крвопиец и лукав Господ се гнаси.
7
А јас, пак, според Твојата голема милост, ќе влезам во Твојот дом И ќе се поклонам во Твојот свет храм со страв пред Тебе.
8
Господи, упатувај ме во Твојата правда, поради непријателите мои патот Твој пред мене порамни го.
9
Зашто во устата нивна нема вистина; во срцето им е измама; грлото им е отворен гроб; на јазикот, пак, дволичност.
10
Казни ги, Боже, нека пропаднат тие и мислите нивни; поради многуте нечестни работи отфрли ги, бидејќи Те огорчија Тебе.
11
Па нека се зарадуваат сите, кои се надеваат на Тебе: вечно да се радуваат оние што Ти ги закрилуваш; и да се радуваат со Тебе оние, што го сакаат името Твое.
12
Оти Ти, Господи, го благословуваш праведникот и со оружјето на милоста Своја го закрилуваш.
Macedonian Bible 1990
Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016 Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016
:
Зачувајте белешки