Свето Писмо (Гаврилова) 1990
|
| 1 |
| Рече безумникот во срцето свое: »нема Бог.« Станаа развратни луѓето и гнасни во беззаконијата; нема кој да прави добро. |
| 2 |
| Бог со внимание погледна од небесата кон синовите човечки, за да види, има ли некој што е разумен или да Го бара Бога. |
| 3 |
| Сите тргнаа по лош пат, станаа еднакво расипани; нема кој да прави добро, нема ниеден. |
| 4 |
| Зар нема да се вразумат оние, што вршат беззаконие. Оние што го јадат народот Мој, како што го јадат лебот, но Бога не Го повикуваат. |
| 5 |
| Ќе се уплашат тие од страв, и таму каде што страв нема, зашто Господ ќе им ги растури коските на оние, што си угодуваат еден надруг. И тие ќе се посрамат, зашто Бог ќе ги понизи. |
| 6 |
| Кој ќе му даде спасение на Израилот од Сион? Кога Бог ќе ги врати заробените од народот Свој, тогаш ќе се зарадува Јаков и ќе се развесели Израилот. |
| Зачувајте белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonian1990/psalms/052.mp3
150
52