БИБЛИЈА (Свето Писмо) MKB 1999
|
| 1 |
| Смилувај ми се мој Боже, зашто човекот сака да ме проголта; мојот напаѓач непрекратно ме угнетува. |
| 2 |
| Моите непријатели се нафрлаат врз мене секој ден; мнозина се оние, што војуваат против мене. |
| 3 |
| Кога стравот ме опфаќа, на Тебе ќе се надевам. |
| 4 |
| Во Бога јас ќе го фалам Неговото слово; јас се надевам на Бога и нема да се плашам, што може да ми направи смртник? |
| 5 |
| Од утро до вечер, ми ги изопачуваат зборовите; сите нивни помисли се зло за мене. |
| 6 |
| Се состануваат и дебнат; внимаваат на моите чекори; за да ја уловат мојата душа. |
| 7 |
| Плати им според беззаконието, о Боже, со гнев обори ги незнабошците! |
| 8 |
| Ти ги изброи дните на моите скитања, ги собра моите солзи во Твојот сад; не е ли запишано сè во Твојата книга? |
| 9 |
| Моите непријатели ќе се повлечат, штом ќе Те повикам. Од ова знам дека Бог е за мене! |
| 10 |
| Го славам Божјото слово, го славам Господовото слово. |
| 11 |
| Се надевам на Бога и нема да се плашам: што може да ми направи човек? |
| 12 |
| Ме врзуваат заветите што Ти ги направив Тебе, о Боже, ќе Ти принесам благодарни жртви, |
| 13 |
| зашто ми ја спаси душата од смрт. Ти ги запази моите нозе од паѓање за да одам пред Бога, во светлината на живите. |
| Зачувајте белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonianmkb1999/psalms/056.mp3
150
56