Свето Писмо (Гаврилова) 1990
|
| 1 |
| Дали навистина кажувате правда? Судите ли праведно, вие, човечки синови? |
| 2 |
| Во срцето свое кроите беззаконие на земјата, вашите раце плетат неправда на земјата. |
| 3 |
| Се отуѓија грешниците од мајчиното крило, се заблудеа од утробата мајчина, говорејќи лага. |
| 4 |
| Јароста им е како змијски отров, како отровот на глувата аспида, која ги затнува ушите свои, |
| 5 |
| и не го слуша гласот на бајачот, вражачот вешт во вражањето. |
| 6 |
| Бог неке им ги скриши нивните заби во устите нивни; разби ги, Господи, челустите лавовски! |
| 7 |
| Нека се разлијат како вода што истечува; ќе го растегнеш својот лак, додека не малаксаат. |
| 8 |
| Како восок што се топи да се растопат, оган нека падне над нив, та сонце да не видат никогаш. |
| 9 |
| Пред котлите ваши да осетат топлина од запаленото трње. |
| 10 |
| Ќе се зарадува праведникот, кога ќе ја види одмаздата на безбожниците; ќе ги измие рацете свои во крвта на грешникот. |
| 11 |
| И ќе рече човекот: навистина има плод за праведникот! Навистина има Бог, Кој суди на земјата! |
| Зачувајте белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonian1990/psalms/057.mp3
150
57