×

БИБЛИЈА (Свето Писмо) MKB 1999

Псалми 57

1
Помилувај ме, Боже, о помилувај ме, зашто мојата душа се надева на Тебе. Се засолнувам под сенката на Твоите крилја, додека не мине гибелта.
2
Викам кон Сèвишниот Бог, кон Бога кој ми исполни сè.
3
Нека испрати од небесата и нека ме спаси, нека ги засрами оние, што ме гонат: нека ја испрати Бог Својата милост и вистина.
4
Лежам среде лавовите, што ги голтаат човечките синови. Забите им се копја и стрели, а јазикот им е наострен меч.
5
Возвиши се, Боже, над небесата, Твојата слава нека е над целата земја!
6
Наместија мрежи за моите стапки, ја стиснаа мојата душа; ископаа јама пред мене, и сами паднаа во неа.
7
Постојано е моето срце Боже, постојано е моето срце, ќе пеам и ќе свирам.
8
Разбуди се, душо моја! Разбуди се псалтир и гусле! Ќе ги разбудам утринските мугри.
9
Ќе Те фалам Господи, меѓу народите, ќе Ти пеам меѓу племињата.
10
Зашто Твојата милост е до небото, Твојата верност е до облаците.
11
Возвиши се, Боже, над небесата, Твојата слава нека е над целата земја!
Macedonian Bible (MKB) 1999
Библија (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет, превод Душан Х. Константинов 1999, 2004 by Loukas Foundation, The Netherlands
:
Зачувајте белешки