×

БИБЛИЈА (Свето Писмо) MKB 1999

Псалми 6

1
Господи, не ме изобличувај во Својата лутина, ниту ме казнувај во Својот гнев.
2
Смилувај ми се, Господи, зашто сум изнемоштен, Господи, исцели ме, зашто моите коски треперат.
3
Исто и мојата душа е силно потресена; а Ти Господи до кога?
4
Врати се, Господи, избави ми ја душата; спаси ме заради Твојата милост,
5
зашто во смртта не спомнуваат за Тебе; кој ќе Те слави во Подземјето?
6
Се заморив од своите воздишки; секоја ноќ ја залевам со плачење својата постела; со солзи го натопувам своето легло.
7
Моето око гасне и слабее од жалост, зашто се многу моите непријатели.
8
Отстапете од мене сите, што правите беззаконие зашто Господ го чу мојот плач.
9
Господ ја чу мојата молба; Господ ја прими мојата молитва!
10
Нека се засрамат и нека се збунат сите мои непријатели; нека се вратат назад, нека се засрамат веднаш!
Macedonian Bible (MKB) 1999
Библија (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет, превод Душан Х. Константинов 1999, 2004 by Loukas Foundation, The Netherlands
:
Зачувајте белешки