×

Свето Писмо (Гаврилова) 1990

Псалми 60

1
Услиши го, Боже, моето молење, прими ја молитвата моја.
2
Кон Тебе повикав од крајот на земјата, кога срцето ми папса. Ќе ме издигнеш на карма и мир ќе ми дадеш.
3
Ме упати, зашто Ти беше моја надеж, крепосен заклон од непријателот.
4
Ќе се населам вечно во Твоето живеалиште и ќе се засолнам под покривот на Твојата закрила.
5
зашто Ти, Боже, ги чу моите молитви и им даде населедство на оние, кои се бојат од Твоето име.
6
Додај му уште денови кон деновите царски и продолжи му ги годините од род во род,
7
за да биде твој вечно пред Бога; милост и вистина сака тој.
8
И така, со песна ќе го воспевам Твоето име и ќе ги извршувам своите завети од ден во ден.
Macedonian Bible 1990
Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016 Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016
:
Зачувајте белешки