БИБЛИЈА (Свето Писмо) MKB 1999
|
| 1 |
| Боже, Ти нè отфрли и ни ги проби бојните редови, Ти се разгневи, а сега врати нè пак! |
| 2 |
| Ја потресе земјата, ја распука, затвори и ги проломите, зашто таа се разнишала. |
| 3 |
| Му навали зла коб на Твојот народ, нè напи со вино што омајува. |
| 4 |
| Им даде знаме на оние кои се бојат од Тебе, за да избегаат пред непријателскиот лак. |
| 5 |
| За да се избават Твоите возљубени, помогни со Твојата десница, послушај ме. |
| 6 |
| Бог рече во Своето Светилиште: „Ќе го поделам Сихем со радосни извици, ќе ја измерам долината Сокхот. |
| 7 |
| Мој е Галад, Мој е Манасиј, Ефрем Ми е кацига, - Јуда Мој жезал. |
| 8 |
| Моав е сад од кого се мијам, врз Едом ќе ги фрлам Моите обувки, ќе славам победа над Филистејците!” |
| 9 |
| Кој ќе ме доведе до утврдениот град? Кој ќе ме доведе до Едом? |
| 10 |
| Зар не Ти, Боже, што нè отфрли? Зар повеќе Боже, не ќе излегуваш со нашите чети? |
| 11 |
| Помогни ни против противниците, зашто човечката помош е ништожна. |
| 12 |
| Со Божја помош ќе се бориме храбро, а Тој ќе ги згази нашите непријатели. |
| Зачувајте белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonianmkb1999/psalms/060.mp3
150
60