Свето Писмо (Гаврилова) 1990
|
| 1 |
| Воскликни Му на Бога, земјо цела! |
| 2 |
| Воспејте го името Негово, воздајте Му слава и похвала! |
| 3 |
| Кажете Му на Бога: колку се страшни делата Твои! Поради големината на силата Твоја, ќе Ти се покоруваат непријателите Твои. |
| 4 |
| Целата земја нека Ти се покорува и да Ти пее, да Му пее на Твоето име, Севишни. |
| 5 |
| Дојдете и видете ги делата Божји, колку е страшен во одлуките Свои за синовите човечки. |
| 6 |
| Он го претвори морето во суво; преку река минува со ногата; таму се зарадувавме поради Него. |
| 7 |
| Со Својата моќ Он владее вечно; Неговите очи гледаат на народите, за да не се кренат бунтовниците. |
| 8 |
| Благословувајте Го, народи, нашиот Бог и искажете Му похвала гласно. |
| 9 |
| Он ѝ даде живот на душата моја и не дозволи да потклекнат нозете мои; |
| 10 |
| Ти нѐ испита, Боже, со оган нѐ очисти, како што среброто со оган се пречистува. |
| 11 |
| Ти нѐ воведе при мака, нанесе маки на нашите племиња. |
| 12 |
| Допушти луѓето да ни се качат на глава. Минавме низ оган и вода, но нѐ изведе да здивнеме. |
| 13 |
| Ќе влезам во Твојот дом со сепаленица, ќе Ти ги исполнам моите завети, |
| 14 |
| што ги изговорија усните мои и ги искажа устата моја кога бев во неволја. |
| 15 |
| Мрсни сепаленици ќе Ти принесам Тебе, со кадило од овни, ќе Ти принесам Тебе и волови и кози. |
| 16 |
| Дојдете и чујте вие сите кои се боите од Бога и ќе ви раскажам сѐ што направи Он за душата моја. |
| 17 |
| Повикав кон Него со устата моја и Го возвеличив со јазикот свој. |
| 18 |
| Да мислев беззаконие во срцето мое, Господ немаше да ме услиши. |
| 19 |
| Затоа ме услиши Господ, го чу гласот на молењето мое. |
| 20 |
| Нека е благословен Бог, Кој не ја отфрли молитвата моја и не ме остави без милоста Своја! |
| Зачувајте белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonian1990/psalms/065.mp3
150
65