БИБЛИЈА (Свето Писмо) MKB 1999
|
| 1 |
| Боже, Тебе Ти припаѓа песна на Сион, пред Тебе се исполнува заветот - |
| 2 |
| Ти ја послушуваш молитвата. Секое тело доаѓа при Тебе. |
| 3 |
| Нашите гревови натежнаа, нашите престапи Ти ги очистуваш. |
| 4 |
| Блажен кого го избра и го зеде при Себе: тој живее во Твоите дворови. Да се наситиме со благата на Твојот дом и со светоста на Твојот Храм. |
| 5 |
| Чудесно нè услишуваш во Својата правда, о Боже, наше спасение, надеж на сите краишта на светот и на далечните мориња. |
| 6 |
| Ги утврдуваш планините со Својата јачина, препашан со сила. |
| 7 |
| Ги скротуваш: шумот на морето, шумот на брановите и вревата на народите. |
| 8 |
| Оние што живеат на крајот на земјата, се плашат од Твоите знаци; ги полниш со радост утрата и вечерите. |
| 9 |
| Ти ја посетуваш земјата и Ти ја напојуваш, ја збогатуваш неа многу. Божјата река се наполни со вода, Ти им обезбедуваш жито на луѓето. Вака ја подготви земјата: |
| 10 |
| и ги напојуваш браздите, и ги израмнуваш грутките; ја размекнуваш со дожд, и ги благословуваш посевите. |
| 11 |
| Ти ја овенча годината со Својата благост, плодност никнува зад Твоите стапалки. |
| 12 |
| Пустинските пасишта капат од изобилство, ридовите се препашуваат со радост. |
| 13 |
| Ливадите се китат со стада, долините се покриваат со жито; насекаде радосни воскликнувања, песна. |
|
| Зачувајте Белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonianmkb1999/psalms/065.mp3
150
65