Свето Писмо (Гаврилова) 1990
|
| 1 |
| Боже, биди милостив кон нас и благослови нѐ; осветли нѐ со лицето Свое, и помилуј нѐ, |
| 2 |
| за да го познаат на земјата патот Твој, и меѓу сите народи спасението од Тебе. |
| 3 |
| Да Те прославуваат народите, Боже, сите народи да Те прославуваат. |
| 4 |
| Племињата нека се развеселат и да се радуваат, зашто праведно ќе им судиш на народите, и племиња ќе упатиш на земјата. |
| 5 |
| Народите нека Те прославуваат, Боже, сите народи нека Те слават! |
| 6 |
| Земјата го даде својот плод; благослови нѐ, Боже, Боже наш! |
| 7 |
| Да нѐ благослови Бог и сите земни краишта нека се бојат од Него. |
| Зачувајте белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonian1990/psalms/066.mp3
150
66