БИБЛИЈА (Свето Писмо) MKB 1999
|
| 1 |
| Воскликни му на Бога, сета земјо, |
| 2 |
| опеј ја славата на Неговото име, подај Му достојна фала. |
| 3 |
| Речете на Бога: „Колку се страшни Твоите дела! Непријателите Ти ласкаат, заради Твојата голема сила. |
| 4 |
| Целата земја нека Ти се поклонува и нека Ти пее, нека Му пее на Твоето име!” |
| 5 |
| Дојдете и видете ги Божјите дела: направи чуда меѓу човечките синови. |
| 6 |
| Тој го претвори морето во суво копно, со нозете ја пребродија реката, заради тоа да Му се радуваме! |
| 7 |
| Владее довека со Својата сила, Неговите очи ги набљудуваат народите, за да не се кренат бунтовни луѓе. |
| 8 |
| Благословувајте Го, народи, нашиот Бог, разгласувајте ја Неговата фала! |
| 9 |
| И дарува живот на нашата душа и не остави да ни се сопне ногата. |
| 10 |
| Ти нè искуша о Боже, нè искушуваше, како сребро, со оган. |
| 11 |
| Нè остави да паднеме во стапица, ги стисна со вериги нашите слабини. |
| 12 |
| Остави да ни јаваат на глава: поминавме низ оган и вода, тогаш нè изведе во изобилие. |
| 13 |
| Ќе влезам со паленица во Твојот дом, ќе ги исполнам заветите пред Тебе, |
| 14 |
| што ги ветија моите усни, што ги заветува мојата уста во неволја. |
| 15 |
| Ќе Ти принесам паленици од мрсно, со мирис на овни, ќе жртвувам волови и јариња. |
| 16 |
| Дојдете, чујте, сите, што се боите од Бога, ќе ви раскажувам што и направи на мојата душа! |
| 17 |
| Со својата уста Го повикав Него, со јазикот Го фалев. |
| 18 |
| Ако мислев зло во срцето, Господ не би послушал. |
| 19 |
| Но Бог ме услиши: Обрна внимание на гласот на мојата молитва. |
| 20 |
| Благословен да е Бог, Кој не ми ја одби молитвата, Кој не ја отстрани од мене Својата милост. |
| Зачувајте белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonianmkb1999/psalms/066.mp3
150
66