Свето Писмо (Гаврилова) 1990
|
| 1 |
| Господи, Боже мој, на Тебе се надевам, спаси ме од сите што ме гонат, и избави ме; |
| 2 |
| Да не би некогаш непријателот да посака да ми ја истргне душата; ќе трга, а ќе нема кој да спасува. |
| 3 |
| Господи, Боже мој, ако го направив тоа, ако има неправда во рацете мои; |
| 4 |
| ако зло вратив на оние, кои поради правда ме напаѓаат, тогаш нека отпаднам од непријателите мои; |
| 5 |
| нека ја гони непријателот душата моја, и нека ја стигне, и нека го згази животот мој на земјава, и телото мое во прав нека го претвори. |
| 6 |
| Стани, Господи, во гневот Свој; крени се против жестината на непријателите Твои; стани, Господи, Ти кој заповедаш. |
| 7 |
| И многу народ ќе се собере околу Тебе; и Ти издигни се над него високо. |
| 8 |
| Господ им суди на народите. Суди ми, Господи, според правдата моја и според чистотата моја. |
| 9 |
| Да престане злобата на грешниците, а праведникот исправи го, Ти, Боже, кој ги испитуваш срцата и утробите праведно. |
| 10 |
| Помош очекувам од Бога, Кој ги спасува оние што се со чисти срца. |
| 11 |
| Бог е праведен судија, и силен, и долготрпелив и не се гневи секој ден. |
| 12 |
| Но ако не се покаете, Он ќе го очисти Своето оружје, ќе го затегне својот лак и ќе го насочи, |
| 13 |
| и затега смртна стрела, а стрелите Свои ги вжарува. |
| 14 |
| И, ете, кај безбожникот сѐ повеќе неправда, па се зачна злоба, а тоа роди беззаконие, |
| 15 |
| па си копа и ископа јама, и падна во јамата, што ја направи, |
| 16 |
| и злобата негова му падна на главата негова, а врз неа и неправдата негова слезе. |
| 17 |
| Го прославувам Господа поради правдата Негова и му пеам на Господа Севишниот. |
| Зачувајте белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonian1990/psalms/007.mp3
150
7