БИБЛИЈА (Свето Писмо) MKB 1999
|
| 1 |
| Господи, Боже мој! Се надевам во Тебе спаси ме од сите мои гонители и избави ме; |
| 2 |
| да не ми ја истргаат душата како лав, што раскинува, без да се најде избавител. |
| 3 |
| Господи, Боже мој! Ако јас го направив тоа, ако има неправда во моите раце, |
| 4 |
| ако му вратив со зло на оној, што беше во мир со мене; или го ограбив оној, кој ме гони без причина; |
| 5 |
| тогаш нека непријателот ја подгони мојата душа и нека ја стигне; и нека го згази животот мој на земјата, и ја повали мојата чест во прашина. |
| 6 |
| Стани, Господи, во Својот гнев; крени се против јароста на моите противници, и разбуди се заради мене, Ти, Кој го одреди судот. |
| 7 |
| И нека собраните народи Те опкружат; врати се на високо, над нив. |
| 8 |
| Господ им суди на народите! Суди ми и мене, Господи, според мојата правда, и според мојата чесност во мене. |
| 9 |
| Нека прекрати беззаконието на нечесните, помогни му на праведникот. Ти, праведен Боже, Кој ги испитуваш срцата и внатрешноста. |
| 10 |
| Мојата заштита е во Бога, Кој ги избавува оние, што се прави во срцето. |
| 11 |
| Бог е праведен Судија, и Бог, Кој се гневи секојдневно на безбожниците. |
| 12 |
| Ако не се обрати, Тој ќе го наостри Својот меч, ќе го оптегне и ќе го приготви Својот лак. |
| 13 |
| Тој приготвил против нив смртоносни оружја, ги прави огнени Своите стрели. |
| 14 |
| Ете, злотворот зачна неправда, заноси нечесност и роди измама. |
| 15 |
| Ископа ров и го продлабочи; и падна во јамата, што ја ископа. |
| 16 |
| Неговата нечесност ќе се врати врз неговата глава и неговото насилство ќе падне на неговото теме. |
| 17 |
| А јас ќе Го фалам Господа заради Неговата правда и ќе му пеам на Името на Сèвишниот Господ. |
| Зачувајте белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonianmkb1999/psalms/007.mp3
150
7