|
| 1 |
|
| Колку е добар Бог кон Израилот, кон оние што се со чисто срце! |
|
| 2 |
|
| А нозете мои за малку не потклекнаа, за малку чекорите мои ќе станеа несигурни, – |
|
| 3 |
|
| зашто им позавидев на беззакониците, гледајќи како мирно живеат грешниците, |
|
| 4 |
|
| оти не страдаат сѐ до самата смрт, и цврстина им е во бичот. |
|
| 5 |
|
| во човечките работи не учествуваат и неволјите на другите луѓе нив не ги засегаат. |
|
| 6 |
|
| Затоа гордоста владее со нив; се облекле во неправда и нечестие; |
|
| 7 |
|
| неправдата им излегува како од сало, и му угодуваат на срцето; |
|
| 8 |
|
| се подбиваат и лукаво зборуваат, за неправдата гордо говорат; |
|
| 9 |
|
| ја креваат устата кон небото, а јазикот нивни ја обиколува земјата. |
|
| 10 |
|
| Затоа народот Мој ќе се врати ваму, и своите денови ќе ги најде исполнети. |
|
| 11 |
|
| И рекоа: »Како дозна Бог, и има ли знаење во Севишниот?« |
|
| 12 |
|
| Ете, такви се грешниците и успеваат вечно да го држат богатството. |
|
| 13 |
|
| И си реков: зар залудо го држев срцето свое во праведност и во невиност ги измив рацете свои. |
|
| 14 |
|
| и се изложував на напријатности секој ден и на срам секое утро? |
|
| 15 |
|
| Но акоречев: ќе расудувам и јас така, – тогаш ќе го изневерев родот на Твоите синови. |
|
| 16 |
|
| И сакав тоа да го разберам, но тоа беше тешко за мене |
|
| 17 |
|
| сѐ додека не влезам во Божјото светилиште и не го разбрав нивниот крај. |
|
| 18 |
|
| Итака, заради подмолноста нивна дозволи да ги снајде зло, и ги понизи кога се возгордееја. |
|
| 19 |
|
| Како запустеа, како ненадејно изчезнаа и загинаа поради своето беззаконие! |
|
| 20 |
|
| Како сон кога човек се разбудува, така во градот Твој, Господи, образот нивни уништи го. |
|
| 21 |
|
| Зашто срцето мое се разгоре и утробата моја се измени. |
|
| 22 |
|
| А јас поразен и не разбрав, како добиче бев пред Тебе. |
|
| 23 |
|
| Но Јас сум секогаш со Тебе: Ти ми ја придржуваш десницата моја, |
|
| 24 |
|
| ме упати со советот Свој и ме прими во Твојата слава. |
|
| 25 |
|
| Кого Го имам јас на небото освен Тебе? А кога сум со Тебе на земјата ништо не барам. |
|
| 26 |
|
| Изнемоште срцето мое и телото мое; Боже на срцето мое и наследството мое, Боже, довека. |
|
| 27 |
|
| Зашто, ете, оние, што се оддалечуваат од Тебе, пропаѓаат; Ти го истребуваш секого, кој отстапува од Тебе. |
|
| 28 |
|
| А мене ми е добро да сум со Бога, на Господа ја полагам надежта моја, за да ги вознесувам сите похвали Твои кај портите на ќерката Сионова. |
|
|
|
|