|
| 1 |
|
| Бог е навистина добар кон Израел, кон оние што имаат чисто срце! |
|
| 2 |
|
| А мене, за малку, ќе ми се сопнеа нозете, за малку ќе ми се лизнеа чекорите, |
|
| 3 |
|
| Зашто им завидев на злочинците, набљудувајќи го напредокот на грешниците. |
|
| 4 |
|
| Никакво страдање не носат, нивното тело е дебело. |
|
| 5 |
|
| Не живеат во маките на смртниците, не ги удираат човечките неволји. |
|
| 6 |
|
| Затоа гордоста е ѓердан на нивниот врат, а насилството облека што ги покрива. |
|
| 7 |
|
| Од здебеленоста им испакнуваат очите, таа се прелева во срцето. |
|
| 8 |
|
| Тие се потсмевнуваат и зборуваат злобно, со насилства се закануваат одозгора. |
|
| 9 |
|
| Со устата се нафрлаат врз небото, а нивниот јазик ја обиколува земјата. |
|
| 10 |
|
| Затоа мојот народ се враќа и пие изобилно вода, |
|
| 11 |
|
| Па велат: „Од каде знае Бог? Сознава ли Сèвишниот?” |
|
| 12 |
|
| Ете, такви се грешниците: секогаш спокојни, збираат богатство. |
|
| 13 |
|
| И така, дали само јас го чував напразно моето срце чисто и ги миев рацете во невиност. |
|
| 14 |
|
| Кога примав удари секој ден, и казна утро по утро? |
|
| 15 |
|
| Да речев: „Ќе зборувам како нив,” ете, би бил предавник на родот на твоите синови. |
|
| 16 |
|
| И размислував како да го сознаам тоа: но ми се гледаше мачно во моите очи, |
|
| 17 |
|
| сè додека не најдов влез во Божјото Светилиште, и го согледав каков им е свршетокот. |
|
| 18 |
|
| Навистина, Ти ги поставуваш на лизгава патека, ги обрнуваш во пропаст! |
|
| 19 |
|
| Како одеднаш, тие стигнаа во запустување, погинаа, исчезнаа од ужаси! |
|
| 20 |
|
| Како што човекот го презира сонот, кога ќе се разбуди, така Господи, ќе го презреш нивниот лик, штом станеш. |
|
| 21 |
|
| Кога мојата душа беше јадосана, а бубрезите прободени, |
|
| 22 |
|
| Бев безумник без разбирање, како животинче пред Тебе. |
|
| 23 |
|
| Но отсега секогаш ќе бидам со Тебе, зашто Ти ја прифати мојата десница: |
|
| 24 |
|
| ќе ме водиш според Твојот совет, за да ме земеш потоа во Својата слава. |
|
| 25 |
|
| Кого имам јас на небо, освен Тебе? Кога сум со Тебе, ништо не сакам на земјата. |
|
| 26 |
|
| Премалени ми се телото и срцето: Стено на моето срце, и мое наследство, о Боже, довека! |
|
| 27 |
|
| Вистина, ќе пропаднат оние, што се оддалечуваат од Тебе, го истребуваш секој, што ќе Те изневери. |
|
| 28 |
|
| А за мене милина е да бидам во Божја близина, да имам свое засолниште во Тебе, Господи Боже. Ќе ги проповедам сите Твои дела. |
|
|
|
|