Свето Писмо (Гаврилова) 1990
|
| 1 |
| Ќе Те фалиме Тебе, Боже, ќе Те фалиме, и ќе го призиваме името Твое. |
| 2 |
| Ќе ги разгласувам Твоите чудеса кога ќе дојде време; ќе судам по правда. |
| 3 |
| Ќе се заниша земјата и сите, што живеат на неа. Но Јас ги зацарив столбовите нејзини. |
| 4 |
| Им реков на оние, што вршат беззаконија: не отстапувајте од законот, и на грешниците: не дигајте рог, |
| 5 |
| не кревајте го високо вашиот рог, не говорете против Бога неправда, |
| 6 |
| зашто издигањето не доаѓа ни од исток, ни од запад, ниту, пак, од пустите гори; |
| 7 |
| но Бог е судија: едни унижува, а други возвисува. |
| 8 |
| Зашто чашата е во раката на Господа, со вино немешано, добро, и Он налева од неа по ред, но талогот нема да се источи; од него ќе пијат сите грешници на земјата. |
| 9 |
| Јас, пак, вечно се радувам, ќе Му пеам на Јакововиот Бог, |
| 10 |
| ќе го скршам рогот на сите грешници, а рогот на преведниците ќе се возвиси. |
| Зачувајте белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonian1990/psalms/074.mp3
150
74