×

Свето Писмо (Гаврилова) 1990

Псалми 75

1
Познат е Бог во Јудеја; големо е Неговото име во Израилот.
2
Во светото е Неговото место, а Неговото живеалиште – на Сион.
3
Таму Он ја порази силата на стрелите, штитот и мечот и војната.
4
Светлината Твоја е чудесна од вечните гори.
5
Се збркаа сите неразумни по срце; заспаа богатите луѓе и ништо не најдоа во рацете од богатствата свои.
6
Од Твојата закана, Боже Јаковов, задремаа коњаниците.
7
Ти си страшен, и кој ќе Ти се противстави Тебе? Оттаму е Твојот гнев.
8
Од небесата се чу глас дека ќе судиш; земјата се уплаши и се смири.
9
Кога Бог стана да суди, за да ги спаси сите кротки по земјата,
10
бидејќи мислите свои луѓето ќе Ти ги исповедаат: а и остатокот од нив ќе Те прославува.
11
Заветувајте се на Господа, вашиот Бог, и исполнувајте ги заветите; сите, што сте околу Него, принесувајте дарови,
12
Страшниот, Кој ги скротува духовите и кнезовите, пострашен е од земните цареви.
Macedonian Bible 1990
Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016 Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016
:
Зачувајте белешки