БИБЛИЈА (Свето Писмо) MKB 1999
|
| 1 |
| Бог е познат во Јудеја, Неговото име е величествено во Израел! |
| 2 |
| Неговото живеалиште е во Салим, а престојувалиштето на Сион. |
| 3 |
| Тој ги искрши таму: огнените стрели на лаковите, штитовите, мечевите, и оружјето бојно. |
| 4 |
| Блескав си од светлина, повеличествен од древните планини. |
| 5 |
| Ограбени се оние што имаа тврдо срце, и го сонуваат својот сон - им онемоштија рацете на сите храбри. |
| 6 |
| Од Твојата закана, Боже Јаковов, се скаменија колите и коњите. |
| 7 |
| Ти си страшен, и кој може да опстане пред жестокоста на Твојот гнев? |
| 8 |
| Ја изрече пресудата од небото, земјата се стресе и занеме од страв; |
| 9 |
| кога Бог стана да суди, да ги спаси кротките на земјата. |
| 10 |
| Зашто ќе Те прославува и бесот на човекот и со остатокот на бесот Ти се завиткуваш. |
| 11 |
| Заветувајте се и исполнувајте ги заветите на Господа, вашиот Бог; сите, околу Него, нека му донесуваат дарови на Достојнопочитуваниот. |
| 12 |
| Кој ја зауздува гордоста на кнезовите, Кој е страшен за царевите на земјата. |
| Зачувајте белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonianmkb1999/psalms/076.mp3
150
76