Свето Писмо (Гаврилова) 1990
|
| 1 |
| Боже, незнабожците дојдоа во Твоето наследство, го осквернија светиот Твој храм, Ерусалим го претворија во урнатини. |
| 2 |
| Мртвите тела на Твоите слуги им ги дадоа како храна на птиците небесни, а телата на Твоите светии – на земните ѕверови; |
| 3 |
| ја пролија нивната крв како вода околу Ерусалим, и немаше кој да ги погребе. |
| 4 |
| Станавме за потсмев на соседите наши, срам и подбив за оние што се околу нас; |
| 5 |
| До кога, Господи, ќе се разгневуваш постојано, до кога ќе гори лутината Твоја како оган? |
| 6 |
| Излеј го гневот Свој врз народите, што не Те познаваат, и врз царствата, кои не го признаваат името Твое, |
| 7 |
| зашто тие го испојадоа Јакова и местото негово го опустошија. |
| 8 |
| Не спомнувај ги нашите поранешни беззаконија, туку побрзај да нѐ престретнеш со Својата милосрдност, зашто многу сме осиромашени. |
| 9 |
| Помогни ни, Боже, Спасителе наш, поради славата на името Твое, избави нѐ и очисти нѐ од гревовите наши заради името Твое! |
| 10 |
| Зашто незнабожците да велат: »Каде е нивниот Бог?« Барем пред очите наши да ја видиме одмаздата над незнабожците за пролеаната крв на Твоите слуги. |
| 11 |
| Да дојде пред Тебе офкањето на окованите; со силата на Твојата мишка зачувај ги синовите осудени на смрт. |
| 12 |
| Седумкратно врати ги во пазувите на нашите соседи хулењата, со кои Те хулеа Тебе, Господи. |
| 13 |
| А ние, пак, народот Твој и овци од Твоето пасиште, вечно ќе Те славиме и од род во род ќе разгласуваме за Тебе похвала. |
| Зачувајте белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonian1990/psalms/078.mp3
150
78